Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, побара компензација од клубот за предвремено раскинување на договорот, информира „Газета Дело Спорт“. Сумата која ја бара Италијанецот е 23 милиони евра.
Конте бара 13 милиони за отпуштањето и 10 како оштетува на неговата репутација.
Челзи го обвини италијанскиот стручњак за прекршување на договорните обврски. Како што е забележано, Конте редовно доцнел на конференција за печат, ги прекршил обврските за спонзорство, а исто така не го паркирал автомобилот на назначеното место во клупската база.
МИА