Италијанскиот фудбалски стратег ги открива плановите на Мароканецот за во иднина, за што смета дека би можел повторно да игра во дресот на „Кралевите“.
Поранешниот тренер на италијанскиот првак Интер, Антонио Конте открива дека Ашраф Хакими се надева дека еден ден ќе се врати во Реал Мадрид, а Мароканецот веќе направи трансфер од Интер во ПСЖ изминатиот летен преоден рок.
Мароканецот беше импресивен под кормилото на Конте во дресот на „Нероаѕурите“ по трансферот од Реал Мадрид, го освои Скудетото, а потоа за 60 милиони евра беше продаден на ПСЖ.
„Ако гледаме од психолошки аспект, Хакими помалку настрада од ланските натпревари против Реал Мадрид“ рече Конте за „Скај Спорт Италија“, .
„Неговиот сон е повторно да игра за тој клуб, а воедно да биде и еден од клучните играчи таму“ додаде Италијанецот кој смета дека Хакими би можел да биде играч од светска класа.
„Тој веднаш увиде на фактот дека напаѓањето по страна не е доволно, а сега е еден од најдобрите во светот, доколку продолжи да работи напорно во однос на завршницата со топката, тој ќе биде светска класа“ заклучи Конте.