четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте: За трансферите не одлучувам сам

Конте: За трансферите не одлучувам сам

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте кажа дека тој не е единствениот во клубот кој одлучува околу засилувањата.

– Јас го кажувам моето мислење, предлагам кои позиции треба да ги подобриме, некогаш предлагам и имиња, но не сум тој кој го има последниот збор околу трансферите. За тоа одлучува клубот, рече италијанскиот фудбалски стручњак.

Со Челзи изминативе денови се поврзуваат Артуро Видал од Баерн Минхен и Алексис Санчез од Арсенал.

– Тоа се двајца играчи кои сигурно се меѓу најдобрите на своите позиции. Не можам ништо да кажам околу нивното евентуално доаѓање во Челзи, бидејќи тие се под договор со своите клубови. Навистина не можам ниту да ги отфрлам, ниту да ги потврдам шпекулациите.

Челзи вечер од 20:45 му гостува на Арсенал во лондонското дерби од 22-то премиерлигашко коло.