петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Корона кластер: 140 позитивни на Копа Америка

Корона кластер: 140 позитивни на Копа Америка

Вкупно 140 лица се позивитини на коронавирус на Копа Америка, објавија од КОНМЕБОЛ.

„Од 15.235 тестови од почетокот на турнирот, 140 покажаа позитивен резултат, што е околу 0,9 проценти. Повеќето од заразените се работници, членови на делегации и ангажиран персонал.“ – стои во соопштението.

Претходно во националниот тим на Венецуела беа регистрирани 13 случаи на инфекција. Покрај тоа, беа забележани позитивни тестови во репрезентациите на Боливија, Колумбија и Перу.

Фудбалскиот Куп на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина.

Сепак, турнирот беше преместен во Бразил поради масовните протести во Колумбија и тешката епидемиолошка состојба во Аргентина.