Фудбалската репрезентација на Костарика е последна селекција што обезбеди виза за Светското првенство во Катар откако во интерконтиненталниот бараж натпревар со 1:0 славеше над Нов Зеланд.
Натпреварот се одигра на стадионот „Ахмед бин Али„ во Ал Рајан каде ќе се играат и натпреварите од Светското првенство.
Костарика стигна до баражот дојде како четвртопласирана екипа од квалификациите во Конкакаф зоната, додека Нов Зеланд беше победник во квалификациите во Океанија.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат на самиот старт, во третата минута и тоа преку Џоел Кембел.
Костарика на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Шпанија, Германија и Јапонија. Ова ќе биде трето по ред учество на светските првенства.