сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ковачиќ си договори трансфер во Манчестер сити

Ковачиќ си договори трансфер во Манчестер сити

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ во текот на летото ќе замине од Челси, но ќе остане во Премиерлигата, каде што ќе го носи дресот на актуелниот шампион Манчестер сити.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Хрватот ги договорил личните услови со англискиот гигант и останува само клубовите да го договорат трансферот.

Челси е подготвен да го продаде искусниот фудбалер за врска, а Ковачиќ сака нов предизвик, па сега на потег се „граѓаните“, кои најверојатно ќе треба да платат околу 40-50 милиони евра за неговиот трансфер.