Пред финалето на фудбалската Лига на нации селекторот на Франција, Дидие Дешам нема да може да смета на фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабиот.
Рабио беше стартер против Белгија и одигра 75 минути на натпреварот кој Франција го доби со 3-2.
Франција утре вечер од 20.45 часот игра против Шпанија во големото финале на Лига на нации и ќе настапи без фудбалерот од средниот ред кој ќе мора да оди во изолација.