четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крај на една ера: Дрогба ја заврши блескавата кариера

Крај на една ера: Дрогба ја заврши блескавата кариера

Еден од најдобрите фудбалери последните 15 години Дидие Дрогба денеска и официјално го објави крајот на својата играчка кариера.

Негов последен натпревар беше синоќешното финале од плеј-офот во втората американска лига меѓу Феникс Рајзинг и Луисвиле Сити кој тимот на Дрогба го загуби со 0-1. Поранешниот фудбалер на Челси и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска помина три години во САД, а претходно настапуваше во Челси.

Најблескавиот период од кариерата го помина во Челси во чиј дрес освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Од фудбалот се прости на 40-годишна возраст.