сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

КРАЈ НА ЕДНА ФУДБАЛСКА ЕРА: Арсенал потврди- Венгер заминува по крајот на сезоната

КРАЈ НА ЕДНА ФУДБАЛСКА ЕРА: Арсенал потврди- Венгер заминува по крајот на сезоната

Завршува една ера во Премиер лигата, една ера за славниот лондонски клуб Арсенал. Арсен Венгер, тренерот на овој клуб ја напушта функцијата по крајот на оваа сезона, објави клубот од Лондон.

-По внимателно разгледување и разговори со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запаметени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал, нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

Францускиот тренер дојде во Арсенал во 1996 година од Нагоја и освои 17 трофеи меѓу кои три во Премиер лигата. Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“ кои стигнаа до титулата без пораз.

Освен Нагоја и Арсенал, Венгер ги предводеше Монако и Нанси.