среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кристенсен и Кеси можат бесплатно да си заминат од Барса доколку клубот не ги пријави пред натпреварот против Рајо

Кристенсен и Кеси можат бесплатно да си заминат од Барса доколку клубот не ги пријави пред натпреварот против Рајо

Двајца дебитанти на Барселона би можеле да го напуштат клубот без да одиграат ниту еден официјален натпревар.

„ЕСПН“ објави дека Андреас Кристенсен и Френк Кеси можат да заминат бесплатно доколку клубот не ги пријави пред натпреварот од 1. коло во Ла Лига против Рајо Ваљекано.

Овие играчи се приклучија на каталонскиот клуб како слободни фудбалери и можат да ја искористат опцијата за договор што ќе им овозможи да ја напуштат Барса пред затворањето на летниот преоден рок.

Во моментов нема индикации дека тоа ќе се случи. Во најлош случај Барса ќе се обиде да разговара со агентите на играчите за да избегне таков развој на настаните.

Барселона против Рајо Ваљекано треба да игра на 13 август. Почетокот е во 21 часот.