Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен се врати на тренинзите со првиот тим. Данецот беше надвор од терените од јануари кога заработи повреда на зглобот откако беше повреден во дуел со Енди Керол во натпреварот од ФА Купот против Ридинг.
Првичните проценки беа дека тој ќе биде на опоравување до крајот на април или почетокот на мај, но се чини дека играчот се опорави побрзо од очекуваното и сега продолжи со вообичаените тренинзи.
Има најави дека Ериксен би можел дури и да биде во составот за саботниот дуел со Евертон во Премиер – лигата.