Тони Крос е еден од најдобрите играчи од средниот ред во својата генерација и долги години е еден од главните столбови на Реал.
Крос пристигна во Реал во 2014 година за 25 милиони евра и тоа е веројатно најдобриот трансфер досега ако се погледне што е инвестирано и освоено.
Германецот во меѓувреме стана симбол на популарните Лос Бланкос, но се ближи заминувањето од Мадрид.
Според информациите од Шпанија, Реал му понудил на Крос продолжување на договорот на уште една година. Неговиот актуелен договор трае до 2023 година.
32-годишниот е незадоволен од понуденото и побарал нов двегодишен договор, нешто на што Реал не сака да се согласи.
Во случај да го напушти Реал, Крос најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, кој почна да покажува интерес за овој играч од средниот ред.
На старата дама и се потребни засилувања во средниот ред, па доведувањето на Крос без разлика на годините сигурно би било полн погодок.
И Манчестер Сити будно ја следи ситуацијата од страна, а популарните граѓани би биле пресреќни да го видат одличниот Германец во своите редови.
Нешто слично се случуваше и претходно со Модриќ, но Флорентино Перез успеал да го убеди Хрватот да остане, сега истото го чека и со Крос.