Македонски фудбалски репрезентативец Крсте Велкоски, и во следната сезона ќе го носи дресот на Сараево.
Со новиот договор, 33-годишниот Велкоски останува во тимот од главниот град на Босна и Херцеговина до јуни 2023 година.
Актуелниот договор на Крсте истекува на крајот на јуни, но информациите од Сараево кои засега се само неофицијално, велат дека тој се согласил на продолжување на соработката за уште две сезони.
.