Тројца навивачи се повредени, од кои еден е во животозагрозувачка состојба, а настрадаа и двајца полицајци во саботната пресметка во Мостар меѓу 200 хулигани, навивачи на градските фудбалски ривали Вележ и Зрињски.
Инцидентите се случија во центарот на градот, кога двете навивачки групи започнаа меѓусебна пресметка со дрвени палки, шишиња и други тврди предмети.
Еден од повредените навивачи е пренесен во локалната болница со повреди сериозни по неговиот живот, а при интервенција за смирување на состојбата полесно се повредени двајца полицајци.
#policija u #mostar puca tijekom sukoba dvije navijacke skupine #redarmy #ultras pic.twitter.com/LoHN8R8lpR
— Bljesak.info (@Bljesak) November 13, 2021