вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кулибали по потписот за Ал Хилал: Со парите ќе помогнам на 15 села, сите ќе бидеме среќни!

Кулибали по потписот за Ал Хилал: Со парите ќе помогнам на 15 села, сите ќе бидеме среќни!

Сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали го напушти Челси и се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија, каде што доби тригодишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона.

Кулибали призна дека се преселил во Саудиска Арабија поради пари, а со нив најави дека ќе направи добро дело и ќе им помогне на неговите сонародници.

„Животот ми се промени многу во изминатиот период, но задоволен сум со својот избор. Се надевам дека ќе му помогнам на Ал Хилал да испише нова спортска историја. А тука е важен и нашиот договор. Можам да им помогнам на сите, ќе им помогнам на 15 села, сите ќе бидеме среќни. Имам многу добра идеја, ќе вложам во Сенегал, ќе им помогнеме на младите, тие се иднината на нашата земја“, вели Кулибали.