четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кулибали потпиша за саудиски Ал Хилал

Кулибали потпиша за саудиски Ал Хилал

Досегашниот фудбалер на лондонски Челзи, Калиду Кулибали, потпиша договор со Ал Хилал и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот прволигаш.

Челзи го потврди трансферот не наведувајќи финансиски детали, а според британските медиуми Ал Хилал ќе плати обесштетување од 23 милиони евра.

Кулибали во редовите на Ал Хилал ќе му се приклучи на досегашниот играч на Вулверхемптон, Рубен Невеш, а наскоро саудискиот клуб би можел да го засили и голманот на Челзи, Едуар Менди.

Ал Хилал ова лето се обиде да го доведе и Лионел Меси, но аргентинскиот фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами.