Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја прокоментира ситуацијата со продолжувањето на договорот со напаѓачот Лионел Меси.
– Ако проблемот не се реши, мора да се грижите. Но, сигурен сум дека Лапорта ќе се справи со ова прашање, поради тоа што и за клубот и за Ла Лига е важно најдобриот играч на светот да остане. Сите мора да се осигураме дека тој ќе остане. Лапорта ми рече да не се грижам. Уверени сме дека ќе се договориме со Лео за неколку години. Тој секогаш покажувал дека сака да остане во Барса. Лео секогаш работеше напорно за овој клуб, се надевам дека ќе остане. Мислам дека тој треба да остане, бидејќи нема да биде многу добро да се заврши во поинаков тим, изјави Куман.
Меси во моментов е слободен агент, а за тоа каде ќе ја продолжи кариерата ќе одлучи по завршување на Купот на Америка. Тој заедно со соиграчите од Аргентина, на 11 јули во финалето ќе имаат дуел со домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Бразил.