Како изминуваат деновите, така во јавноста излегуваат се повеќе детали околу начинот на кој се разделија Барселона и сега веќе екс нејзиниот тренер Роналд Куман.
Холанѓанецот го загуби работното место по дербито Ел КЛасико на кое Барса загуби со 1:2., а сега новинарот Луис Канут инаку одличен пријател со Куман изнезе детали во една емисија синоќа околу тоа како и точно се случил отказот.
„Многу нефер и многу некоректно спрема таков човек. На Куман од страна на Лапорта му беше кажано за отказот во авион. Само се свртел и му рекол нема да ја продолжиме соработката. Тоа Куман секако дека го гледа како непочитување, затоа што реално и никогаш не се почувствува како тренер под раководството на Лапорта. Сега, Барселона ќе се обиде да ја намали отштетата која му следува на Куман, а е 12 милиони евра, но не верувам дека по сето ова Куман ќе се согласи. Тој пак беше првиот кој беше заговорник да се скратат платите во Барселона“ – изјави Канут.