Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по мечот од второто коло во шпанското првенство против Атлетик (1:1), уште еднаш повтори колку значеше за клубот Лионел Меси.
– Не сакам секогаш да зборувам за истото, но зборуваме за најдобриот во светот. Нашите ривали повеќе се плашеа кога Меси беше тука. Има разлика и за нас, ако му ја дадете топката на Лео, тој обично не ја губи. Но, тој не е тука. Ние го знаеме ова и не можеме да ја промениме ситуацијата, изјави Куман.
Меси ја напушти Барселона на почетокот на август, откако не беше постигнат договор за продолжување на соработката.
На 10 август ПСЖ го објави трансферот на 34-годишниот Аргентинец.