Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги критикуваше организаторите на натпреварите за густиот натпреварувачки календар.
– Бројот на натпревари е неверојатен, играчите мораа да одиграат многу натпревари. Сите зборуваат за Суперлигата, Лигата на шампионите…. Но, УЕФА не обрнува внимание на бројот на одиграни натпревари од играчите. Единствено што им е важно парите. Така е и во шпанската Ла Лига, изјави Куман.
Реакцијата на холандскиот фудбалски стручњак доаѓа во време на турбуленции во европскиот фудбал предизвикани од формирањето на Европската Суперлига и по само два дена стопирање на проектот.