среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кутињо ја напуштa Барселона оваа зима

Кутињо ја напуштa Барселона оваа зима

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо донесе одлука да го напушти каталонскиот клуб за време на зимскиот преоден рок, соопштува „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот Бразилец побарал од своите агенти да му најдат нов клуб.

Играчот од средниот ред сака да биде во форма за да обезбеди место во составот на Бразил за Светското првенство во 2022 година.

Агентите на Кутињо веќе оствариле првични разговори со Арсенал, Тотенхем и Евертон.

Бразилецот оваа сезона постигна два гола на 16 настапи за Барселона.