вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кутињо за разлика од соиграчите во Барселона, има шанса да добие златен медал од ЛШ

Кутињо за разлика од соиграчите во Барселона, има шанса да добие златен медал од ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, за разлика од соиграчите, има шанса да добие медал од Лигата на шампионите. Каталонците синоќа беа елиминирани од Рома па останаа без трофејот во елитното натпреварување.

Бразилецот немаше право да игра за Барса во Лш, поради тоа што во првиот дел од сезоната играше за Ливерпул во елитната лига.

Во тимот од „Енфилд“ 25-годишниот фудбалер одигра пет натпревари, постигнувајќи 5 гола и направи две асистенции.

Ливерпул обезбеди полуфинале, а во случај да го освои трофејот ќе добие 40 медали, па управата ќе одлучи дали меѓу наградените ќе биде и Кутињо кој имаше свој придонес во првиот дел од сезоната.

МИА