Екипата на Работнички го совлада унгарски Хонвед 2:1 (1:1) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.
Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34-тата минута.
Гостите израмнија непосредно пред одморот, кога во 45-тата минута, Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.
„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60-тата минута, кога погоди Николче Шаркоски, со што го постави и конечниот резултат.
Во финишот добра шанса пропушти Филип Петковски за поголемо водство пред реваншот во Будимпешта, кој е закажан за 17 јули од 18.00 часот.
МИА