Ветеранот од Сампдорија, Фабио Кваљарела доби повик за италијанската репрезентација откако го израмни рекордот на Габриел Батистута по бројот на постигнати голови (11) во последователни натпревари од Серија „А“.
Селекторот Роберто Манчини одлучи повторно да ја активира иконата на италијанскиот фудбал и да го врати на списокот на повиканите за прв пат од 2010 година.
Триесет и шест годишниот Кваљарела постигна 16 гола во 20 настапи за клубот оваа сезона, и е топ-стрелец во Серија „А“ со гол повеќе од Кристијано Роналдо и Дувана Сапата (15).