сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кварацхелија одбил мултимилионска понуда од Њукасл

Кварацхелија одбил мултимилионска понуда од Њукасл

Ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија, кој за една сезона во Серија А го сврте вниманието на најголемите европски клубови, одбил голема и пребогата понуда од англиски Њукасл за летово да се пресели на „Сент Џејмс Парк“, објавија англиски меидуми.

За Кварацхелија долга беше листата на заинтересирани, но малку клубови може да си го дозволат да го ангажираат, зашто цената му е најмалку 100 милиони евра колку што би барал Наполи, но Њукасл се обидел да му пристапи и со многу богата понуда да го договори, а потоа да тргне во разговори за трансфер обесштетување со Аурелио де Лаурентис.

Ако што објави „Ил Матино“, Кварацхелија веднаш го одбил Њукасл, иако понудата била многу голема, а истото им го повторил и на уште неколку други клубови, дека во фокус му е во моментов настап само за Наполи.

Кварацхелија има само 1,2 милиони евра плата откако лани дојде од Динамо Батуми, но во најава е дека наскоро ќе добие нов договор со многу поголема плата, од шест милиони евра по сезона.