Од јануари македонскиот репрезентативец Енис Барди, од јануари ќе може да преговара со други клубови, доколку во меѓувреме не го продолжи договорот со Леванте. Неговата соработка истекува идното лето, но од јануари веќе ќе биде „достапен“ за оние заинтересираните страни. А, една од заинтересираните страни е римски Лацио. Италијанскиот тим му „фрлил око“ на Енис Барди, и според информациите од Шпанија, римскиот тим во јануари ќе влезе во преговори за негов потпис.
Од Шпанија, пак, исто така доаѓаат информации дека и Селта би можела да тргне по потписот на одличниот Македонец.
Барди имаше фантастичен финиш во квалификациите за пласман на Светското првенство и еден од заслужните што Македонија обезбеди бараж.
Барди дојде во Леванте во 2017 година, и стана странец со најмногу настапи во тимот од Валенсија. Сега дојде време за разделба, со оглед дека тешко дека Леванте ќе избори опстанок во Ла Лига. Тимот и натаму нема победа во првенството и е најсериозен кандидат за испаѓање.
Во Лацио во минатото играше „гранде“ Горан Пандев, кој беше дел од екипата пет сезони (2004-2009) и играше и во Лигата на шампионите.