Напаѓачот на премиерлигашот Арсенал, Александар Лаказет, ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот прволигаш Барселона или актуелниот италијански првак Јувентус, објави весникот „Калчомеркато“.
Клубот од Лондон сака да потпише нов договор со Лаказет, но, како што пишува италијанскиот весник, францускиот репрезентативец веќе донел одлука да бара нов предизвик на клупски план.
Интерес за напаѓачот има и од Атлетико Мадрид, но во овој момент Барселона и Јувентус се
Лаказет досега сезонава одигра 23 натпревари во дресот на Арсенал со ефект од девет голови.