четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лампард: Трансферот на Вернер не значи дека ќе се бориме за титулата

Лампард: Трансферот на Вернер не значи дека ќе се бориме за титулата

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, го сподели своето мислење за засилувањето со напаѓачот Тимо Вернер.

– Нема да кажам дека трансферот на еден играч значи дека ќе се бориме за титулата. Ливерпул и Манчестер сити се едни од најдобрите екипи во светот, ако не и најдобрите. Знаеме кои сме и каде сме во лигата, а исто така има разлика меѓу нас. Треба да се направи многу работа на тренинзите за да се доближиме до нив, изјави Лампард.

Челзи вчеравечер го победи Манчестер сити и на седум кола до крајот на сезоната во Премиер лигата го промовира Ливерпул во нов шампион.