Тренерот на Челзи, Френк Лампард ги сумираше резултатите од натпреварот против Севиља во Лигата на шампионите (0:0).
– Задоволен сум од професионалниот аспект на играта на моите избраници. Разговарав со играчите за управувањето со играта, реакцијата беше навистина позитивна. Севиља е врвен клуб и ни требаше концентрација за да постигнеме резултат. Имавме многу добри моменти, и ова е она што треба да го развиеме. Ние сме на самиот почеток на сезоната и одиме чекор по чекор, истакна лампард.
Предводникот на „сините“ го пофали голманот Менди.
-Менди одигра многу добро на неговите три натпревари, добро се одрази. Ние ги знаеме неговите квалитети, и тој ги покажа денес. Во моментов, тој е нашиот број еден, потенцира Лампард.