Неуспешниот обид на Барселона да го победи Интер во Лигата на шампионите веројатно ќе ги остави Каталонците без нокаут фазата во елитното натпреварување, а изданието на екипата предводена од Чави воопшто не му се допаднало на претседателот Жоан Лапорта.
Тој бил бесен како никогаш досега и сакал лично да разговара со дел од фудбалерите, кои според него најмногу разочарале на дуелот со Интер во средата.
Новинарот Хосе Алварес открива дека Матеу Алемани и Жорди Кројф морале да го смируваат Лапорта и да спречат поголем конфликт во соблекувалната.
Претседателот на Барселона смета дека одредена група играчи не го даваат максимумот на теренот, додека истовремено не престануваат да зборуваат непотребни работи надвор од соблекувалната.
– Минутите по крајот на средбата биле многу тензични, а Лапорта бил гневен на фудбалерите, – вели новинарот кој ја пренесува атмосферата од „Камп Ноу“.
Барселона има теоретски шанси за осминафиналето на ЛШ, но ќе треба да чека кикс на Интер.