четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лапорта најави кои две засилувања доаѓаат во Барселона

Лапорта најави кои две засилувања доаѓаат во Барселона

Во Барселона Веќе со недели се шпекулира дека доаѓа Роберт Левандовски, но од таа работа се уште нема ништо официјално.

Сепак, претседателот на клубот  Лапорта денес потврди дека Барселона договорила две засилувања и дека тие ќе бидат претставени идната недела, а ќе дојдат како слободни играчи. Станува збор за Франк Кеси од Милан и Андреас Кристенсен од Челси.

Кеси ќе го претставиме во среда, додека Кристенсен во четврток“, порача Лапорта.

Шлаг на торта веројатно би било доаѓањето на Роберт Левандовски.