Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш проговори за тоа зошто не се оствари кам-бекот на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси на Камп Ноу.
Аргентинецот е веќе на Флорида каде в недела официјално ќе го потпише договор со Интер Мајами, а се очекува идната недела да дебитира за новиот клуб. По две сезони во ПСЖ, се очекуваше да се врати во Барселона, но тоа не се отвори иако, како што тврди Лапорта, сите услови за тоа биле исполнети.
„Постоеше договор, Лео сакаше, татко му сакаше… Не сакавме да се случи нешто непредвидено, рековме дека ќе ги известиме кога се ќе биде в ред околу финансискиот ферплеј. Помина некое време, договорот беше подготвен, а потоа Хорхе Меси рече дека сака да разговара со мене и ми кажа дека Лео одлучил да се пресели во Интер Мајами по две тешки сезони во Париз. Таму бил под голем притисок, а во Мајами ќе биде посмирен.
Имавме потврда од Ла Лига дека договорот на Меси ќе се вклопи во целата приказна. Тоа е нешто за што разговаравме со Хорхе, се беше дефинирано“, откри Лапорта.
И покрај се, претседателот на Барселона призна дека сонува да го види Меси барем уште еднаш во дресот на каталонскиот клуб, па макар и на ревијален натпревар.