недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лацио има нов голман

Лацио има нов голман

Францускиот голман Хуго Лорис е во потрага по нов клуб откако реши да замине од редовите на премиерлигашот, но очигледно Лацио нема да биде екипата во која ќе ја продолжи кариерата.

Римскиот клуб постигнал договор со искусниот Луиџи Сепе, со што токму 32-годишниот Италијанец ќе биде освежување во голманскиот ростер за екипата која ќе игра во Лигата на шампионите.

Сепе досега настапуваше за Салернитана и првично ќе дојде на заем во Лацио, со што ќе биде важна поддршка за актуелниот прв избор, Иван Проведел.