понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро излезе со Инстаграм објава откако медиумите пренесоа дека се разделил со сопругата поради Лукаку (Фото)

Лаутаро излезе со Инстаграм објава откако медиумите пренесоа дека се разделил со сопругата поради Лукаку (Фото)

Жолтиот печат од Италија излезе со шокантна информација поврзана за Лаутаро Мартинез, шпекулирајќи дека Аргентинецот се разделил со својата сопруга поради геј врска со Ромелу Лукаку.

Ова беше доволно за да има безброј реакции и потсмевања на социјалните мрежи во изминатите 24 часа, по што со реакција се јави и Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот не најави тужби против медиумите кои објавија ваков сензационалистички наслов, но јасно стави до знаење дека е среќно заљубен во својата сопруга и тие се уште живеат заедно.

– Зошто да се измислуваат приказни за можна разделба? Јас и мојата сопруга сме заедно и многу среќни, нема што да се објаснува и појаснува.

– Ние сме среќни, уживаме во времето заедно. Не ги слушајте смешните и лажни гласини. Претходната ноќ некој го хакираше мојот Инстаграм профил, но сега се е во ред, – објави Лаутаро.