среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро Мартинез со пофални зборови за Меси: Тој е модел за сите

Лаутаро Мартинез со пофални зборови за Меси: Тој е модел за сите

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез го пофали својот соиграч од аргентинската репрезентација Лионел Меси.

– Меси е најдобриот играч на светот. Тој е наш, Аргентинец. Тренира максимално, тој е модел за сите. Лео прави сè што не прават другите играчи. Треба да уживаме и да учиме од него. Никогаш нема да го заборавам првиот ден во репрезентацијата, кога влегов во тимот со него на 20 години. Ме прифати. Го гледав како тренира и мислев дека сонувам.

Меси е многу среќен што го освои Купот на Америка, ние му помогнавме да му се исполни желбата – трофеј со репрезентацијата. Сега тој победи и јас сум многу среќен за него, истакна Мартинез.

Неодамна Меси со Аргентина победи на Купот на Америка и го освои првиот трофеј во националниот дрес. (МИА)