среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лажна е информацијата дека Реал сака да игра во Премиер лигата

Лажна е информацијата дека Реал сака да игра во Премиер лигата

Денеска излегоа информации дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја разгледува можноста да ја напушти шпанската „Ла Лига“.

Дека после неуспешниот обид за формирање на т.н. „Суперлига“, „кралевите“ имаат намера да се преселат во Премиер лигата.

Така, барем тврди „Мундо Депортиво“ кој воедно вели дека не е само опција Премиер лигата, туку и Серија А и Бундеслигата.

Во изминатиот период претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се согласи за финансиската инјекција од американски инвестициски фонд, но ниту Реал ниту Барса не сакаат да слушнат за оваа опција, бидејќи на тој начин Американците ќе добијат голем дел од телевизиските права. Затоа Перез со недели упатуваше и критики кон Тебас.

После објавените информации од „Мундо Депортиво“, веднаш на својот официјален веб сајт од Реал Мадрид објавија кратко соопштение со демант:

– После информацијата објавена денеска од весникот „Мундо Депортиво“, во која се вели дека нашиот клуб ја разгледувал можноста да се пресели од „Ла Лига“ во Премиер лигата, Реал Мадрид сака да тврди дека оваа информација е целосно лажна, апсурдна и невозможна и има намера само да го наруши уште еднаш нашиот клуб – пишува во соопштението.