Големата sвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го сподели своето мислење за драматичниот пораз на неговиот тим на шестиот натпревар од последната серија против Мајами Хит. Трикратниот шампион одигра уште еден брутален натпревар – 40 поени, 13 скока и 7 асистенции, но тоа не беше доволно против одличниот настап на Џими Батлер.
– Феноменалните потезии се редеа на крајот. Нормално, имаше неколку сомнителни пресуди од судиите, кои дадоа своја тежина и го испратија Џими на линијата за слободни неколку пати. Ова е нешто што очигледно треба да го избегнеме бидејќи тој е скоро совршен од линијата во оваа серија. Едноставно ни требаше добра одбрана против него, а потоа моравме да ја завршиме својата работа во нападот. Имавме голема шанса да го добиеме мечот и серијата. Но, ние не искористивме. Земавме скок во напад, но направивме клучна грешка затоа што не го искористивме времето што го имавме. Мора да се претставиме подобро во шестиот натпревар и навистина да ја затвориме серијата, изјави „Кралот“ по мечот.
Леброн ги коментираше и слабите настапи на Дени Грин и Маркиф Морис на самиот крај од мечот. Грин промаши тројка од отворена позиција, а Морис брзаше и донесе погрешна одлука, со што му ја подари победата на противникот.
– Тие се ветерани. Нема потреба да им кажувам нешто особено. Верувам дека на следниот натпревар ќе настапат на многу повисоко ниво. Тие дури и не играа лошо на овој меч, секој играч во ротација се потруди, но имавме неколку ментални падови, за што бевме казнети од нашиот противник, сподели 35-годишното крило на Лејкерс.