Пеп Гвардиола одново се најде на удар од англиската јавност поради измените кои ги направи во завршницата од мечот во Мадрид, со кои очигледно се предодреди да го брани резултатот и позитивата од два гола која ја имаше.
Ваквиот некарактеристичен пристап за него му се удри од глава и Реал Мадрид режираше сензационален пресврт на „Сантијаго Бернабеу“, но иако добар дел од експерите го критикуваат шпанскиот стручњак, има и такви кои жалат за она што му се случи на него и неговите играчи.
Таков е легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, кој заклучи дека далеку послабиот тим во ова полуфинале ќе му биде противник на Ливерпул во финалето во Париз.
– Првиот удар на голот Реал го имаше во 90-та минута, вториот беше втор гол, а потоа постигнаа и трет гол со третиот удар во рамките од голот. Реал Мадрид според мене нема право да игра во финалето, но таков е фудбалот.
– Тие беа далеку послаб тим на двата натпревари со Сити. Манчестер Сити имаше контрола до 90-та минута, но потоа дојде моментот за кој сите знаеме често да зборуваме. Видовме како стадионот може да биде 12-ти играч за еден тим. Жал ми е за Сити, покрај голот кој го примија во 90-та минута, одиграа одлично и имаа се под контрола, – изјави Шмајхел за „Си-Би-Ес“.
Foto:twitter.com/ManCity