вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендарниот алжирски фудбалер се соочува со затвор поради финансиски измами

Легендарниот алжирски фудбалер се соочува со затвор поради финансиски измами

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Купот/Лигата на шампиони, Алжирецот Рабах Маџер (63) се соочува со затворска кана од 18 месеци поради коруптивни активности.

Поранешниот напаѓач на алжирската фудбалска репрезентација, на Порто и Валенсија, се товари за финансиски измами поврзани со пропаднатите дневни весници во негова сопственост Ал Балах и Ал Балах Ериади.

Обвинителството побара Маџер да биде осуден на казна затвор во траење од една и пол година.

Пресудата ќе биде донесена на 9 јуни.

Маџер е еден од најпознатите алжирски фудбалери на сите времиња, а врвот на својата кариера го достигна во 1987 година кога во финалето од Купот на европски шампиони против Баерн Минхен со пета го постигна победоносниот гол и му донесе на Порто европска титула.  (МИА)