Медиумите од Островото пишуваат дека легендарниот англиски фудбалер Сер Боби Чарлтон е болен од деменција.
За лошата здравствена состојба на 83 годишниот Чарлтон потврда стигна и од неговата сопруга Норма која истакнала дека одлучиле јавно да говорат за болеста бидејќи нивното искуство би можело да му помогне на некого.
По ваквите вести се огласија и од Манчестер Јунајтед каде Чарлтон играше од 1956 до 1973 година и се стекна со статус на легенда.
-Многу сме тажни поради веста дека страшната болест го погоди Сер Боби Чарлтон. Продолжуваме да пружаме љубов и поддршла до неговото семејство и него лично, истакнаа од Олд Трафорд.
За Јунајтед, Чарлтон одигра 758 натпревари и постигна 249 голови. Со „црвените ѓаволи“ освои три титули шампион на Англија, ФА Куп и Лига на шампиони.
Со селекцијата на Англија ја освои светската титула во 1966 година предводејќи го Гордиот албион како најдобар стрелец на Мундијалот.