понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендарниот Чиро Блажевиќ изјави дека е во тешка здравствена состојба

Легендарниот Чиро Блажевиќ изјави дека е во тешка здравствена состојба

Легендарниот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ (85) објави дека повторно му е дијагностициран карцином.  Поранешниот селектор на Хрватска ја соопшти лошата вест за време на интервју за словенечки „Спортклуб“.

„Драги пријатели Словенци. Нашата љубов е безгранична. Ти ме сакаш мене и јас те сакам тебе, но морам да ти кажам една тажна вест. Многу сум болен“, рече Блажевиќ.

Во 2004 година му беше дијагностициран рак на простата, но тогаш успеа да го победи.

„Ако наскоро не бидам таму, а веројатно нема да бидам, сакам да ја искористам оваа прилика и да ја искажам својата љубов и да ги поздравам сите мои пријатели во Словенија. Им велам дека треба да бидат горди што се Словенци. Достигнавте цивилизациско ниво за кое ние Хрватите чезнееме. За жал, морам да ја кажам католичната работа – збогум. Збогум драги мои Словенци. Жал ми е. Многу сум песимистичен“, изјави прославниот фудбалски тренер.