вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендарниот Едвин ван дер Сар итно хоспитализиран во Сплит!

Легендарниот Едвин ван дер Сар итно хоспитализиран во Сплит!

Лоши вести пристигнуваат од Сплит. Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар е хоспитализиран во Сплит…

Според информациите на „Слободна Далмација“, Ван дер Сар (53) поради силни главоболки и одредени невролошки пореметувања со хеликоптер од Хвар бил префрлен на Одделот за неврологија во КБЦ во Сплит.

Истиот медиум пишува дека Ван дер Сар е во стабилна состојба и контактибилен, што секако е добра вест. Ќе биде подложен на дијагностичка обработка за да се утврди што го предизвикало проблемот.

До крајот на денот се очекуваат повеќе информации.