Се чини дека одамна ниедно дерби помеѓу Партизан и Ѕвезда нема предизвикано внимание како ова последното.
Секако, причина е спорниот гол на Ѕвезда кој беше постигнат во второто полувреме и додека навивачите на Партизан се колнат дека топката не ја премина гол линијата, легендарниот судија Пјерлуиџи Колина го смета спротивното.
Тој во разговор за италијанската радио емисија „Топ гол“ ја коментираше спорната ситуација.
-На видеото јасно се гледа дека чуварот барем половина метро ја вади топката од мрежата. Да бев јас судија, исто така ќе покажев на белата точка, рече Колина.
Секако и покрај ова, никогаш нема да можеме да бидиме 100% сигурни дали топката ја премина гол линијата или не. Посебно од причина што ниту една камера не може точно да не увери.