сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лекари под истрага за убиство од небрежност на Астори

Лекари под истрага за убиство од небрежност на Астори

Близу девет месеци по смртта на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори, Обвинителството во Фиренца побара истрага под обвинение за „убиство од небрежност“ против двајцата доктори, кои го прегледале поранешниот капитен на „Ла Виола“ во периодот јули 2016 – јули 2017 година.

И двајцата се вработени од државни болници во Италија, при што едниот во Фиренца, а вториот во Каљари. Лекарите ставиле потписи на медицинските тестови на Астори, со кои на полинатиот дефанзивец му се дозволува да практикува спортска активност.

Според весникот „Ла Национе“, двата кардиограми на Астори покажале проблеми со срцето, а од вториот било јасно дека срцето на поранешниот капитен на Фиорентина не работи како што треба.

Експертот во областа на кардиологијата, професор Доменико Корадо, кој работи на Универзитетот во Падова, прашува дали Астори не требало да биде подложен на дополнителни прегледи, кои ќе покажале треба да прекине со секаква спортска активност.

МИА