недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лекарите се борат за животот на Алберто Закерони

Лекарите се борат за животот на Алберто Закерони

Познатиот италијански тренер Алберто Закерони е во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.

Закерони паднал во семејната куќа и тешко ја повредил главата. Се наоѓа на интензивна нега во болницата во Чезена.

Констатиран му е потрес на мозокот и сериозна повреда на главата и се уште не се освестил, пишува Газета дело спорт.

Според овој италијански медиум, Закерони бил дома кога паднал и удрил со главата на подот. Потоа изгубил свест, а Итната помош многу брзо пристигнала на местото на несреќата и ја однела легендата на Серија А во болница.

Закерони во својата кариера ги водеше, меѓу другите бројни клубови и репрезентации, Милан, Интер, Јувентус и јапонската репрезентација.