Голманот Бернд Лено летово од Леверкузен пристигна во Арсенал со трансфер во висина од 25 милиони евра, но и по три кола во Премиер лигата тој се уште не дебитирал на голот на лондонскиот клуб.
Тој очигледно не е задоволен да биде резерва на Петр Чех и пред медиумите ја објасни неговата ситуација во клубот.
– Убеден сум дека мојот трансфер беше добра одлука. Можеби ќе бидат потребни неколку седмици или месеци, но моето време ќе дојде. Би сакал да играм веднаш, но нема да губам трпение. Тренерот ми објасни јасен план и верувам во него, истакна германскиот голман.
Лено наведува дека тренерот Унаи Емери пред трансферот му соопштил дека Арсенал бара голман со неговиот стил и начин на игра.
Досега на сите три натпревари од новата сезона во Премиер лигата на голот беше Чех, кој поради добрите настапи засега е прв голман во тимот на Емери.