понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ленс се искачи на второто место во Франција

Ленс се искачи на второто место во Франција

Францускиот фудбалски клуб Ленс лесно и убедливо славеше на домашен терен против Анже со 3-0, резултат со кој екипата на Ленс најмалку на 24 часа се искачи на второто место на табелата во францускиот шампионат.

Победникот беше решен во првото полувреме, Фофана во 26. минута го отвори резултатот во корист на домаќините, а четири минути подоцна Опинда зголеми на 2-0. Истиот играч го постигна и третиот гол за оваа екипа.

Ленс сега има 56 бода, десет помалку од лидерот ПСЖ, а два повеќе од Олимпик Марсеј, кој денес го игра својот меч од оваа 28. рунда од француското првенство.