понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лео е 3 пати подобар од Неимар, а 10 пати поголем од ПСЖ

Лео е 3 пати подобар од Неимар, а 10 пати поголем од ПСЖ

Најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ, најпосле откри што точно мисли за трансферот на Лионел Меси во редовите на францускиот прволигаш ПСЖ.

Веднаш по официјалната презентација на „Паркот на принцовите“, аргентинскиот интернационалец откри дека ќе го носи дресот со бројот 30, истата бројка која ја носеше на почетокот од својата фудбалска кариера. Фудбалските медиуми беа убедени дека Лео ќе ја побара 10-та, но таа и понатаму е во сопственост на бразилскиот интернационалец, Неимар.

Мислам дека ја направи вистинската работа кога е во прашање изборот на бројката. Со тоа покажа дека е три пати подобар од Неимар. ПСЖ не го потпиша Лионел Меси, ситуацијата е сосема спротивна. Лео потпиша за ПСЖ. Погледнете се што Меси има постигнато во својата фудбалска кариера. Дали можете да направите некаква споредба? Меси е десет пати поголем од ПСЖ, изјави популарниот Ибракадабра.

Интересно, но, шведскиот интернационалец е вториот најдобар стрелец во историјата на францускиот гигант, веднаш зад репрезентативецот на Уругвај, Единсон Кавани. Златан за ПСЖ играше од 2012 до 2016 година, освои три шампионски титули и на одиграните 180 натпревари постигна 156 погодоци.