среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лео Меси ја освои осмата „Златна топка“!

Лео Меси ја освои осмата „Златна топка“!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по осми пат е избран за најдобар фудбалер на годината и на свечената гала во Париз пак ја крена „Златната топка“!

Аргентинскиот виртуоз минатата година го исполни животниот сон и повторно ја врати својата нација на светскиот врв. Со освојувањето на трофејот од Мундијалот, Меси ја комплетира својата „збирка“ на титули во разни натпреварувања.

Се работи за најдоминантниот фудбалер во изборот на „Франс фудбал“, бидејќи Меси претходно го доби признанието во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година. Аргентинецот го остави Кристијано Роналдо далеку зад себе, бидејќи тој има пет признанија за најдобар светски фудбалер (2008, 2013, 2014, 2016 и 2017), додека зад нив следат Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен со по три.