Менаџерот на англискиот фудбалски прволигаш Лестер, Брендон Роџерс, изјави вечерва дека неговиот тим во следните 30 денови ќе биде без услугите на најдобриот стрелец Џејми Варди (34) поради повреда на бутниот мускул.
Варди во неделата не беше во составот на дуелот против Манчестер сити поради проблеми со мускулот, но ги одигра сите 90 минути на натпреварот против Ливерпул.
– Не сум сигурен дали повредата се случи при дуелот со Матип или тогаш само почувствува болка. Тој продолжи да игра, но подоцна со прегледот беше констатирано дека мора да паузира три до четири недели, изјави Роџерс.